• четврток, 04 декември 2025

Продолжуваат активностите за изградба на новата детска градинка во Бутел 2 

Продолжуваат активностите за изградба на новата детска градинка во Бутел 2 

Скопје, 3 ноември 2025 (МИА) - Градоначалникот Дарко Костовски денеска изврши увид во градежните активности за изградба на нова детска градинка во Бутел 2.

-Градежните активности напредуваат со одлична динамика. Стариот објект кој беше изграден во далечната 1964 години е срушен и на негово место локалната самоуправа гради нова детска градинка на површина од 1800 м2. Новиот објект ќе има 3 влеза, 7 занимални со 7 спални соби, 2 занимални со заеднички спални соби и една просторија за јасли, информираат од Општина Бутел.

Покрај тоа, во новата градинка ќе има и посебна просторија за изолација и медицинска сестра како и млечна кујна. Новиот објект ќе ги исполнува сите услови за згрижување на 200 деца.

-Општина Бутел го исполнува најголемото барање на граѓаните. Локалната самоуправа вложува во капитален објект, по долги години лажни ветувања. Изградбата на новата детска градинка е најголема инвестиција во населеното место Бутел 2, се вели во соопштението од Општината.

Градоначалникот Дарко Костовски, како што додаваат оттаму, изразува големо задоволство за реализирањето на овој капитален проект и останува посветен на обезбедување на најдобри услови за згрижување и воспитување на децата од предучилишна возраст, во секое населено место во општина Бутел. сст/вј/

Фото Општина Бутел

Остани поврзан